Hero Image
25 Oct 2018 - 26 Oct 2018
Младите и образовните политики

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската унија, има за цел да придонесе во подобрувањето на огранизациските капацитети на граѓанскиот сектор и да гo зајакне активното граѓанство во процесот на креирање на младински политики. Остварувањето на перманентно и ефективно влијание врз креирањето на младинските политики и процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, од страна на граѓанските организации, резултира со формирање динамично и одговорно граѓанско општество, кое презема директна улога за позитивните промени.

Преку јакнењето на капацитетите на граѓанските организации во полето на креирање младински политики, фокусот во проектот е на две приоритетни области кои се меѓусебно поврзано. Имено, неопходната вклученост на граѓанските организации во процесите на влијание врз формирањето на добри јавни политики и следствено, создавање на подобра економска и социјална средина за младите луѓе, како поддршка на процесите на пристап и интеграција во Европската унија. Главни целни групи на проектните активности се токму граѓанските организации и младите луѓе.

Специфичните цели кои проектот се стреми да ги постигне се следните:

  1. Развиени капацитети на граѓанските организации за креирање на младински политики;
  2. Воведени нови алатки и технологии во креирањето на младинските политики и обучување на претставниците на граѓанските организации за нивна ефикасна употреба;
  3. Зголемена соработка и трансфер на знаења помеѓу граѓанските организации и релевантните владини и невладини чинители во полето на креирање на младински политики.

Во состав на проектот планирани се различни активности за постигнување на целите, како обуки за градење на капацитети на граѓанскиот сектор, онлајн курс и водич за креирање на младински политики, како и настани за вмрежување на граѓанските организации со цел размена на знаења, промовирање на најдобри практики, одржување состаноци за соработка итн. 

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ е финансиран од Европската унија, а го имплементираат партнерските организации Фондација Претприемачки сервис за млади од Скопје и Младински културен центар од Битола.

Сите поврзани информации во врска со проектните активности може да се најдат на www.yes-network.org .

Registration

Closed since 26 October 2018

Location

Bitola

Organised by

Meetings

Participants 23
Meetings 43

Participants

Association/Agency 2
Authority/Government 1
Civil Society Organisation 18
Other 3
Total 24