Hero Image
25 Oct 2018 - 26 Oct 2018
Младите и образовните политики

Еден од начините граѓанските организации да ги постигнат промените што ги посакуваат е да влијаат врз политиките. Сите чинители, вклучувајќи ги и граѓански организации, треба тесно да соработуваат при формулирањето и имплементација на политиките, со цел поефективно справување со предизвиците со кои се соочува македонската економија и општество: корупцијата, високата стапка на невработеност, односите меѓу различните етнички групи, итн.

Иако граѓанските организации имаат значајна улога во општеството, сепак, нивното учество во процесите на креирање на политики се спроведува неконзистентно. Со цел да се зголеми нивната ефикасност и вклученост, тие треба да имаат соодветни капацитети - знаење, вештини и способности, финансии и добри односи и релации со другите државни и недржавни чинители.

Целта на настаните за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и другите државни и недржавни чинители релевантни во креирањето на младинските политики.

Ова пак, ќе придонесе да се зајакне улогата и капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.


Кој може да учествува на настанот?
  • Претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полињата на образованието и младите
  • Креатори и спроведувачи на младински и образовни политики на национално и локално ниво
  • Претставници на платформи и мрежи на млади во земјата
  • Претставници на студентски и средношколски сојузи
  • Ообразовни институции 
  • Провајдери на неформално образование


Зошто да учествувате на настанот?
  • Ќе имате можност да добиете директни информации за моменталната состојба како и за плановите, проектите и иновациите поврзани со младите од креаторите на младинските политики во областа на образованието;
  • Ќе имате можност да учествувате на структурирана дискусија и поставите прашања поврзани со темата;
  • Ќе имате можност да проследите презентации за најдобри практики и успешни приказни на влијание врз младинските и образовните политики и соработка меѓу младинските организации и креаторите на овие политики;
  • Ќе имате можност да се поврзете со конкретни организации или институции, да размените информации поврзани со вашата работа и да воспоставите основи за соработка во иднина.


Проектот е финансиран од Европската унија.

Registration

Closed since 26 October 2018

Location

Bitola

Organised by

Meetings

Participants 23
Meetings 43

Participants

Association/Agency 2
Authority/Government 1
Other 3
Civil Society Organisation 18
Total 24